Претседателот Иванов во посета на „Меџитлија“ и Битола
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов попладнево ќе престојува во посета на Битола.
Неговиот кабинет информира дека Иванов во 15:30 часот ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија и другите безбедносни служби задолжени за обезбедување на државната граница, на граничниот премин „Меџитлија“.
Претседателот Иванов во средата одржа работна средба со раководителите на субјектите задолжени за превенција и справување со кризната состојба, намалување на ризикот од терористички напади и обезбедување за оддржување на изборите. Беше констатирано дека субјектите во кризниот менаџмент задолжени за превенција и справување, разузнавањето, армијата и полицијата, 15 месеци постапуваат по плански активности и имаат предвидено сценарија и одговор при зголемување на ризиците од закана, соопшти кабинетот на Иванов.
Заради постојаната закана од илегална миграција која доаѓа од територија на НАТО и ЕУ членки, во Македонија од август 2015 година до јуни 2017 година е прогласена кризна состојба, активиран е кризниот менаџмент со функционален здружен воено-цивилен штаб за заштита на границите и обезбедување на коридорите.
Претседателот Иванов за време на посетата на Битола, вечер (19:00) ќе присуствува и ќе има обраќање на свечената академија по повод патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, во Н.У. Центар за култура - Битола.
Ново на Сител
-
Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани
-
ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции
-
Мобилизирани сите тимови во Штипската клиничка болница за укажување помош на повредените од пожарот во Кочани
-
Најмалку 51 жртви во пожар во дискотека во Кочани
-
На Скопските клиники, Градската хируршка болница и во „8 Септември“ хоспитализирани над 80 повредени од Кочани
-
МВР: Се приведуваат сите поврзани со организацијата на настанот во Кочани
-
ОЈО: Бројот на жртви и повредени во пожарот во Кочани се утврдува
-
Трагедија во Кочани: Се запали дискотека, има жртви