Претседателот на Европскиот совет в недела во Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, викендов ќе оствари итна посета на Србија, Албанија и на Република Макеоднија, а по најавите за затворање на границите на овие земји за економските мигранти. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Туск планира в недела наутро да ја посети Албанија и да се сретне со премиерот Еди Рама, а дента околу 13 часот да пристигне во Скопје на средби со премиерот Никола Груевски и со претседателот Ѓорѓе Иванов.
Предмалку од Европскиот совет ја потврдија оваа итна мини-турнеја на Туск во трите балкански земји, што ќе биде и негова прва официјална откако на местото неформален прв човек на Европската унија го наследи Херман ван Ромпуј.
Причините за итната посета од Советот не ги соопштуваат, но според информациите повод е бегалската криза.
Инаку во сабота попладне, предвидено е челникот на Европскиот совет да допатува во Белград, каде ќе се сретне со српскиот премиер Александар Вучиќ.
Во недела наутро, Доналд Туск треба да оди за Тирана на средба со Рама, а во 13 часот е предвидено негово доаѓање во Македонија, каде најпрво ќе оствари средба со претседателот, а потоа и со премиерот Груевски.
Оваа изненадна посета наследникот на Ван Ромпуј, се споменува дека е по повод почетокот на затворање на границите на Македонија и Србија за сите освен за бегалци од Сирија, Авганистан и Ирак.
Имено намерата на Евросоветот, а по одлуката на шефовите на државите и владите на ЕУ-земјите минатиот е во Македонија, Србија и останатите земји долж западно-балканската миграторска рута е привремено да сместат 50 илјади бегалци.
Ново на Сител
-

Безбеден град: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце
-

Вучиќ: Наскоро српската армија ќе има 40 борбени авиони
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“
-

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци
