Loading Video...
Бизнис
24. May 2022 - 16:32

Претседателот Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос

Итна акција или глобална рецесија. Светот се  соочува со најмалку 4 меѓусебно поврзани кризи – инфлација, енергетска криза, недостаток на храна и климатски промени. 

Како да се надминат предизвиците – дебатираат над 2.000 моќни политичари, бизнисмени, банкари на Светскиот Економски Форум во Давос. 

Глобалната  економија се соочува со најголемиот испит по Втората светска војна. Руската инвазија го намалува растот и ја подгрева инфлацијата. 
Според Фон дер Лајен, Русија ја користи храната како оружје со глобални последици, однесувајќи се на ист начин како во енергетската криза. Повика на глобална соработка – како отров за руската уцена.

-Во руско - окупираната Украина, војската на Кремљ конфискува житарици и машинерии, а руските  бродови на Црното Море ги блокираат украинските  бродови полни со пченица и житарици, изјави Фон дер Лајен.

Со рекордна инфлација се соочуваат и земјите од еврозоната. Високите цени на енергесните и пореметените синџири во снабдувањето, ја намалија  куповната моќ кај граѓаните. Земјите мора брзо да ја вратат стабилноста  преку намалување на дефициотот и јавната потрошувачка. 

За да се постигне тоа, претседателката на Европската Централна Банка, Кристин Лагард најави дека од третиот квартал, банката ќе ја напушти политиката на негативни каматни стапка и ќе почне со раст на каматите. Првото зголемување треба да се случи од јули и најверојатно базичната камата ќе порасне за 50 базни поени.

Инаку, во Давос е и претседателот Пендаровски, кој оствари средба со нобеловецот Штиглиц и првиот директор на ЕБОР, Атали. Предизвиците со кои се соочува економијата, можните исходи од кризата, растечката инфлација, ценовните притисоци и импликациите во светот, па и кај нас беа темите за кои се разговарало на средбата.