Претставници од EUROCHAMBERS на средби со државниот врв во Косово
- Целта ни е да креираме подобар свет, исполнет со повеќе можности, а за тоа користиме инструмент што најдобро го знаеме, а тоа е економијата. Сепак економската слика на државите е под влијание на политичките процеси, затоа е потребна соработка помеѓу различните чинители, истакнал Арналдо Абрузини, претседател на Eurochambers.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, во истакнал дека, иако протокот на стоки помеѓу Македонија и Косово се одвива без поголеми проблеми, сепак, како што рекол, од клучно значење за зголемувањето на обемот на трговската размена е модернизација на железничката пруга која ги поврзува двете земји и изградба на модерен автопат од двете страни на границата.
На средбата со претседателот на косовското Собрание Кадри Весели, акцентот бил ставен на економијата, која делува побрзо од политиката, но и на фактот дека политичката поддршка е важна за решавање на систематските проблеми кои го кочат слободниот проток на стоки и услуги, со потребата за намалување на трговските бариери.
- Добро е да се види дека постои интерес за зголемување и продлабочување на соработката меѓу бизнисмените од овие земји, што за политичарите од другата страна е позитивен сигнал. Имајќи предвид дека нашите економии се мали по обем, од особен интерес е регионалното поврзување на економски план, што во крајна линија ќе ја зголеми конкурентноста и позицијата на меѓународен план, посочил Весели.
Последната работна средба била средбата со премиерот на Република Косово Иса Мустафа, каде поконкретно се разговарало за економските потенцијали на регионот, а подетално била анализирана и економската структура на Косово.
- Зголемувањето на косовскиот бруто домашен производ од околу 4%, во изминатите два квартали, е генериран пред се од приватните компании, додека јавната потрошувачка во истиот приод е многу мала. Во таа насока е и констатацијата дека, бизнисите се тие кои можат да придонесат за зголемување на благосостојбата на државите, истакнал Мустафа.
Тој ја потенцирал важноста на постоењето и развојот на малите и средни претпријатија и поради фактот што ваквиот тип компании остануваат да работат во земјата, за разлика од големите кои согласно расположливиот капацитет, бизнис интересот го бараат на поширокиот регионален и меѓународен пазар, барајќи подобри услови на стопанисување. Во таа насока, премиерот Мустафа констатирал дека државите, секоја поединечно, треба да работат на стимулација на малите претпријатија, а партнерството на коморите да ја финализира успешната регионална економска политика.
На крајот од официјалната посета на Приштина, делегациите од коморите од Македонија, Србија и Eurochambers, присуствувале на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделски и прехранбени производи, во организација на Стопанската комора на Косово, на кој учествуваат и истакнати и реномирани компании од целиот регион.
Ново на Сител
-
Од понеделник благо опаѓање на температурите и краткотрајни поројни врнежи
-
Град Скопје: Немаме надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари
-
Со над 20 тони вода дејствувано врз пожар во Кичевско
-
Загина 30 годишна Македонка во сообраќајна несреќа Солун, повредени уште три лица | ВИДЕО
-
Цистерна се извртела на автопатот Градско - Велес, сообраќајот пренасочен по стариот пат
-
Жител на Општина Студеничани му се заканувал на својот сосед со гасен пиштол и стрелал во воздух
-
Без струја Тирана и повеќе други градови во Албанија
-
Борел: Европа не е целосна без Западен Балкан