Презентација на потпрограмата МЕДИА и работилница за сценарио на „Синедејс“
Во рамки на 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“, денеска во Младинскиот културен центар ќе се одржи презентација на потпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“ и работилница за сценарио на Арне Колвајер. Организатори се Канцеларијата на „Креативна Европа“ за потпрограмата МЕДИА, Агенцијата за филм на РМ и тренинг-програмата Мидпоинт од Чешка.
Работилницата „Одбрани алатки за драматургија: Градење на внатрешниот живот на ликот“ која ќе ја одржи Колвајер има цел да ги открие сложените внатрешни емоции на ликот, како една од најтешките задачи со кои се соочуваат филмските работници.
Арне Колвајер (1981) ги завршил студиите по филмска режија на ФАМУ во Прага. Претходно студирал фотографија во Грац, литература во Франкфурт на Одра, и теорија на филм на Универзитетот во Гетеборг. Има снимено повеќе кратки филмови и режирано за германските телевизии. Член е на Германското здружение на сценаристи од 2010 година.
Живее и работи како независен сценарист, режисер, консултант за сценарија и професор на семинари во Берлин, каде што од 2011 година раководи со Станицата за сценарија (проектна лабораторија за сценаристи на програмата Таленти на Берлинале). Исто така е раководител за развој во продукциската куќа „42филм“ во Хале и е задолжен за меѓународни копродукции.
Ново на Сител
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп
-
Приведени пет скопјани и кумановец откако кај нив била пронајдена дрога