„Пријателите на проширувањето“: ЕУ има долг кон земјите во регионот

Отворена поддршка на Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО од групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“. Добивме и честитки за трпението и реформите, како и уверување дека ЕУ ни должи одлука за прими во ЕУ.
Честитки на трпението и на напорите и реформите, изрази министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус.
– Она што го правите досега е одлично, само продолжете со исто темпо. И тоа е единствениот одговор за сите скептици. Можете да сметате на нас, без оглед на тоа што ќе се случи, рече Линкевичиус.
Според полскиот МНР Јацек Чапутович има една етичка димензија на членството на земјите од регионот во ЕУ.
– Сметаме дека ЕУ им должи на овие земји одлука да ги прими во ЕУ, тоа е долг кон општеството, кон граѓаните, но тука е и безбедносната димензија и има и други актери вон ЕУ кои се активни во регионот, па така одлука за почеток на преговори ќе го спречи негативното влијание, рече Чапутович.
Надеж дека земјата ќе продолжи да постигнува напредок како и во минатото, изрази министерот за надворешни работи на Летонија, Едгарс Ринкевич.
– Зборуваме и за продолжувањето на реформите, за спроведувањето на Договорот од Преспа и сметам дека е многу важно да се постигне напредок во овие две области, рече Ринкевич.
Заменик-министерот за европски прашања на Естонија, Март Волмерн потенцира дека се тука за да ни дадат поддршка и за да изразат пофалба за сите наши постигнувања.
– Утврдивме неколку области каде може да постигнеме напредок и да ја продолжиме нашата соработка во иднина, рече Волмерн.
Цапутович, Ринкевич, Линкевичиус и Волмер престојуваа во дводневна посета на земјава во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“. Тие вчера остварија средби со шефот на дипломатијата Никола Димитров и со техничкиот премиер Оливер Спасовски, а завчера беа примени и од претседателот на државата Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-

Андоновски: Македонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност
-

Чибишев: Ако водата во Скопје имаше ешерихија коли, ќе имавме над 50.000 пациенти
-

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август
-

МВР трага по оние кои ширеле паника дека скопската вода е загадена со ешерихија коли
-

Исчезната малолетна девојка од Охрид, семејството бара помош
-

Пасоши првпат во летниот период се издаваат без застој, термин за се добива за ден-два, а документи за најмногу до седум
-

Во Грција регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил
-

Свечена седница по повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
