Пријатно изненадување за патниците во ЈСП - Еве што се случуваше
Уличните музичари на Град Скопје вчера напладне го напуштија градскиот плоштад и настапија во автобусите на ЈСП СКОПЈЕ каде што направија едно пријатно изненадување за патниците настапувајќи со нивниот репертоар кој вклучуваше и македонска музика.
Патниците без двоумење веднаш им се придружија на музичарите и секојдневната монотонија во автобусите се претвори во навистина весела и распеана атмосфера.
Во автобусите на ЈСП настапија два бенда од кои едниот е „Метаверсус“, кој настапува со македонска и странска рок и поп музика, а другиот е „Сирин“ со својот ориентален стил и етно звуци.
Овој проект е дел на програмата за култура на Град Скопје, а е во организација на ЈУ Конгресен центар Александар Македонски.
Уличните музичари веќе неколку години настапуваат во централното градско подрачје и ги забавуваат минувачите.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана