-->
-->
Примера: Модриќ јунакот на Реал Мадрид
-->
Со голот на Лука Модриќ во 85.минута Реал Мадрид стигна до победата на гостувањето кај Гранада на синоќешниот дуел од 23.коло од Примера.
„Кралскиот клуб“ поведе во 30.та минута со голот на Карим Бензема, додека Гранада изедначи преку резервистот Јусеф Ел Араби во 60.та минута, кој две минути претходно влезе во игра. Со победата Реал го задржа чекорот со водечкиот тандем Барселона и Атлетико Мадрид.
На другите натпревари од оваа рунда беа постигнати следниве резултати:
Хихон – Депортиво 1:1,
Атлетик Билбао – Виљареал 0:0,
Рајо Ваљекано – Лас Палмас 2:0,
Атлетико Мадрид – Еибар 3:1,
Малага – Хетафе 3:0,
Леванте – Барселона 0:2,
Селта – Севиља 1:1,
Бетис – Валенсија 1:0.
Вечерва се игра натпреварот Еспањол – Реал Сосиедад.
Табела: Барселона 54 бодови, Атлетико Мадрид 51, Реал Мадрид 50, Виљареал 45, Севиља 37, Атлетик Билбао 35, Селта 35,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло