-->
-->
Принцот Хари со емотивен говор: Британија е мојот дом, но немав друг избор
-->
Меган и јас се упатуваме кон непознато, но навистина немавме друг избор, рече принцот Хари на првото појавување во јавноста, откако го објавија заминувањето од службените должности во британското кралско семејство.
-Сакам да појаснам дека Меган и јас не одиме никаде- рече принцот во говорот вчера вечерта во Лондон на добротворна вечера организирана од Сентебале, организација за помош на деца заболени од СИДА во Јужна Африка, чиј основач е Хари.
-Велика Британија е мојот дом и местото што го сакам и тоа нема да се промени- додаде тој.
Двојката на Твитер минатиот месец соопшти дека ќе се повлече од позицијата „високи членови на Кралското семејство“ и ќе се обидат да станат финансиски независни.
-Можам да замислам што слушавте и читавте во изминатите недели. Затоа, сакам да ја слушнете вистината од мене, колку што можам да споделам со вас – не како принц или војвода, туку како Хари- рече Хари.
Јас секогаш ќе имам најдлабока почит кон баба ми, мојот главен командант, истакна тој.
-Се надевавме дека сè уште ќе можеме да им служиме на кралицата, комонвелтот и моите воени здруженија, но без јавни пари. Тоа, за жал е невозможно. Се согласив со тоа, знаејќи дека тоа нема да влијае ниту врз мене како личност, ниту врз мојата лојалност- рече Хари.
Кога Меган и јас се венчавме, “бевме возбудени, надежни и подготвени да служиме. Затоа, јас сум многу тажен што вака заврши. Мојата одлука да се повлечеме со мојата сопруга не беше лесна, додаде тој.
-На ова му претходеа повеќемесечни разговори и години на предизвик и знам дека не секогаш правев сè како што треба, но во овој поглед, навистина немаше друг избор- заклучи принцот.
Текстот на говорот е објавен на Твитер профилот на парот, пренесува Би-Би-Си.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра