Припадниците на МВР на Србија ја завршија мисијата за помош на Македонија во гаснењето на шумските пожари
Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, Хеликоптерската единица и Одделот за вонредни состојби ја завршија меѓународната мисија за помош на Северна Македонија во гаснењето шумски пожари и денеска се вратија во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
- Припадниците на МВР за пет работни дена со хеликоптерот Камов Ка-32, специјализиран за гаснење пожари на отворен простор, исфрли вкупно 182 тони вода и успешно го изгаснаа пожарот кај селото Росоман, кај Радовиш пожарот го ставија под контрола, а заедно со други домашни и меѓународни екипи дејствуваа и на локации кај Ново Село, на планината Огражден и во местото Пипирево, соопшти МВР на Србија.
Во знак на благодарност, директорот на Центарот за управување со кризи при Владата на Северна Македонија, Стојанче Ангелов, им врачи благодарница на претставниците на МВР за помошта во гаснењето на пожарот.
Помошта за Северна Македонија е испратена врз основа на барањето на македонската Влада да обезбеди помош во гаснењето на шумскиот пожар.
Од 16 јули, припадниците на Хеликоптерската единица и Одделението за вонредни состојби учествуваа во гаснењето на пожарот со хеликоптер Камов Ка-32, со голем капацитет за вода, кој прв пат беше испратен надвор од Србија за давање помош.
Ново на Сител
-
Тројца малолетници запалиле пиротехнички средства и го предизвикале пожарот кај Расадник
-
Роналдо: Јас не уривам рекорди, тие ме следат
-
Пандов: Околу 200 затвореници се водат дека се во бегство
-
Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата
-
Пронајдена дрога при претрес во Тетово
-
Трагедија во Скопје: Пронајдено починато 15-годишно момче
-
Нова група Непалци избегаа од работа во Скопје
-
Киднапиран градоначалник во Мексико неколку недели пред преземање на функцијата