Македонија
30. October 2020 - 16:51

Пристигнаа 60-те респиратори, донација од НАТО за Македонија

На меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа 60 респиратори, донацијата од НАТО за справување со пандемијата со Ковид 19.

Пратката вредна милион и 400 илјади евра ја пречекаа министрите за одбрана, за здравство и за надворешни работи Радмила Шекеринска, Венко Филипче и Бујар Османи кои се заблагодарија на помошта од НАТО. Солидарност на дело во овие тешки времиња, е заедничката оценка на министрите, кои ја потенцираа значајноста на полноправното членство во Алијансата.

Министерот Филипче нагласи дека респираторите ќе бидат распоредени согласно со потребите во здравствените капацитети.

 

 

Горан Симоновски