Притвор за албански државјанин кој во тепачка повреди негов сонародник
По предлог на јавен обвинител, на А.Х (29) од Република Албанија му е одреден притвор поради сомнение дека во тепачка тешко повредил негов сонародник.
А.Х. бил пријавен во полициската станица „Галате“ дека по претходна расправија го удрил 46-годишниот Ф.П, исто така, албански државјани, со кого престојувале во куќа во Неготино, Полошко.
Од ОЈО Гостивар наведуваат дека осомничениот кој во село Неготино, општина Врапчиште престојувал во напуштена куќа, без регулиран престој во државава со уште четири други лица, вечерта на 14 мај додека вечерале и консумирале алкохол, меѓу двајца од нив дошло до вербална расправија. Осомничениот со бокс во челото го удрил оштетениот и му нанел видлива повреда. Од ударот оштетениот паднал, при што се задобил фрактури на две ребра. Повредениот бил пренесен во гостиварската Општа болница од каде итно е префрлен во Клиниката во Скопје.
Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена. Во текот на денот, останатите албански државјани ќе бидат депортирани, бидејќи во земјава престојувале без регулиран престој и работеле како надничари.з
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители

