Loading Video...
Балкан
9. January 2023 - 16:30

Притвор за Македонец кој во Хрватска украл четири автомобили за една ноќ

22 годишен државјанин на Македонија украл 4 автомобили вечерта на 7 јануари на Брач, соопшти хрватската полиција. Тој е уапсен и по завршување на криминалситичката истрага е однесен во притворското одделение на полицијата на Брач.

Три возила украл во селото Нережишл и едно во градот Супетер. Момчето со еден од автомобилите направило,  сообраќајна незгода и го оштетил, пренесуваат хрватските медиуми.

Податоци за идентитетот и други поединости за случајот засега не се дадени.