Македонија
27. March 2025 - 10:51

Приведен насилникот кој тепаше бремена жена во живо на „ТикТок“

МВР потврди дека насилникот кој ја тепаше бремената жена и го пренесуваше насилството во живо на ТикТок е експресно приведен и однесен во полициска станица.

Вознемирувачкото видео се прошири на социјалните мрежи, а извори велат дека насилникот не ја малтретирал само бремената жена, туку и нејзините деца. На снимката се гледа како насилникот постојано ја пцуе и тепа жената за која се тврди дека е бремена.

На социјалните мрежи се шират и други видеа од истиот насилник кој ја малтретира бремената жена, против истиот веќе има активен судски спор бидејќи претходно малтретирал и друга жена.