Приведен тетовец кој предизвикал експлозија
Полицајци вчера околу 23 часот фатиле 26-годишник во Тетово откако со импровизирана направа предизвикал експлозија. Тој е задржан во полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му бидат изготвени неколку соодветни поднесоци.
– Вчеравечер околку 23 часот, на улица „146“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Р.М., кој претходно со импровизирана направа шише со запалива течност предизвикал експлозија, ставајќи ја направата на ограден sид, а потоа се обидел да избега.
Младиот тетовец е евидентиран како случај на непочитување на забраната за движење и ќе се соочи со кривична пријава согласно член 206 од кривичниот законик. Воедно поради причинувањето на експлозија ќе биде пријавен и за предизвикување на општа опасност.
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено, температура под нулата
-
Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот
-
Собранието ќе ја започне 16. седница
-
Седница на Уставен суд
-
Првите 100 дена на новата Влада за власта успешни, опозицијата со серија критики
-
Папата Франциск побара прошка за сексуалната злоупотреба и третманот на жените во Црквата
-
Две експлозии во Копенхаген
-
Итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот Исток