Приведени четири возачи, управувале возила под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди

На 20.01.2026 во 00:40 часот на ул.„Орце Николов“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода А.Ј.(38) од Свети Николе. Претходно, тој со патничко возило „тојота“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во две паркирани возила и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,97 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
На 19.01.2026 во 14:36 часот на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода М.М.(59) од с.Моштица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тико“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,13 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
На 19.01.2026 во 16:00 часот на ул.„22 Октомври“ во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода А.К.(55) од Радовиш. Претходно, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „нисан“ и го напуштил местото. По преземени мерки, тој е пронајден и притоа е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
На 20.01.2026 во 00:55 часот на ул.„11 Октомври“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода И.П.(35) од с.Избиште, ресенско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „порше“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,87 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, да не бевме ние во Данска ќе се зборуваше германски и јапонски
-

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите
-

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Трамп со јасна порака во Давос: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
