Македонија
10. February 2023 - 10:52

Приведени двајца тетовци за тешка кражба во Челопек

Тетовската полиција информира дека  приведени биле двајца мажи од Тетово осомничени за тешка кражба што ја направиле во селото Челопек. Тие се приведени  половина час по полноќ, а кражбата ја направиле во фабрика за млечни производи

Во тетовски Челопек, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.О.(40) и Л.В.(39) од Тетово, кои претходно извршиле тешка кражба во објект во селото и кај кои биле пронајдени и одземени предмети и производи кои потекнувале од кражбата. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот, соопштија од СВР Тетово.По документирање на случајот, за двајцата ќе следат и соодветни пријави.