Македонија
6. July 2022 - 10:50

Приведени три лица меѓу кои и жена за вчерашното убиство на 22-годишно момче во Струмица

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за физичката пресметка помеѓу двете семејства што се случи во Турското маало на улицата „Бетовенова“ каде животот го загуби 22-годишно момче.

МВР претходно информираше дека на 05.07.2022 околу 19.30 часот, по претходна расправија поради нарушени меѓусемејни односи, на ул.„Бетовенова“ во Струмица, М.Ј. со остар предмет му нанел повреди на А.Б.(22) од Струмица, кој подоцна починал во Медицинскиот центар Струмица. Додека, Р.А., исто така, со остар предмет ги нападнал и повредил Б.Ј.(69), З.Б.(45) и О.Б.(20), сите од Струмица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица. Во нападот учествувала и Ј.Т., мајката на М.Ј..

Имено, по пријавување на случајот, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки, сторителите се лишени од слобода, а врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Ј. и биле подигнати предмети поврзани со кривичното дело.

Рано утринава по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Струмица - Полициска станица Радовиш ги лишиле од слобода М.Ј.(22), Р.А.(33), а претходно, околу 03.00 часот во с.Дедели, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово е приведена и Ј.Т.(44), сите од Струмица.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.