Приведени тројца косовски државјани кои криумчареле мигранти

На автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучка Демир Капија, полицијата денеска привела тројца косовски државјани кои кримчареле мигранти.
– Околу 03.05 часот во близина на Гевгелија, при преземање службени дејствија, полициски службеници забележале како во комбе „форд“ со косовски национални ознаки, кое го управувал Р.О., влегуваат повеќе лица мигранти. На даден знак за запирање, возилото продолжило со движење и при преземањето на дополнителни мерки за негово сопирање, патничко возило „фолксваген тигуан“ со косовски национални ознаки, во кое биле Б.Ц. и К.Ф., на автопатот ги попречувало службените полициски возила. По тунелот Јаворица од возилото „форд“ излегле лица мигранти, а возилата продолжиле со движење, информира МВР.
Од страна на полициски службеници на местото биле затекнати девет мигранти од Сирија, кои потоа се пренесени во Прифатен центар за странци во Скопје, а набргу, кај клучка Демир Капија, двете возила биле запрени и лицата во нив биле приведени и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва
-

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман
-

ЈОРСМ: За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство
-

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“
-

Кривична против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка
-

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот
-

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
