Приведениот активист на ВМРО-ДПМНЕ: Полицајците ме вреѓаа и ме удираа
Активистот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Стефан Калошевски кој беше приведен на денешната протестна блокада кај ТЦ Мавровка тврди дека причината зошто бил приведен е зошто фотографирал и снимал со неговиот телефон.
Во изјава за Инфомакс вели дека полициски службеник од него побарал да не снима со телефонот.
- Јас му кажав дека сум слободен граѓанин дека можам да снимам каде сака, кого сакам. Тргна накај мене, ме фати за раката, се пуштија неколку полицајци по мене. Не знаев што се случува, бев испаничен. Еден од џандарите ме удри во слабина, ми ставија лисици и ме однесоа кон возилото за да ме приведат најверојатно во Полициска станица, бидејќи во тој момент не знаев каде ме носат. Иако прашував, тие не ми одговараа рече Калошевски.
Тврди дека полициските службеници го удриле по глава пред да го внесат во полициското возило. Обвинува дека службениците го малтретирале.
- Влегов во кола, иако прашував „Што се случува?“ „Зошто ова се случува?“. Ми се дереа, ме вреѓаа, ме удираа. Стигнавме пред Станица. Прашав зошто ме удираат, еден од полицајците ми рече „Заќути“ и ме удри повторно по лицето. Малку изгубив свест, не знаев каде се наоѓам. Ми се исуши устата, не можев ниту да зборувам, ниту да гледам, ми се вртеше, тврди активистот.
Вели дека му дале да го потпише записникот по што го вратиле на истото место каде што и бил уапсен.
Ново на Сител
-

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
-

Се снимал додека пукал во воздух за на социјални мрежи - Кривична за жител на Чашка
-

Мицкоски: Како ниедна држава во Европа интервениравме директно од буџетот со намалување на ДДВ на нафтата
-

Автобус удрил во 16-годишно девојче пред училиште во кумановско
-

Кривична за татко од Крива Паланка за запоставување на родителската должност
