Пробиштип ќе постави две станици за биоотпад
Во Пробиштип ќе се инсталираат две станици за биоотпад. Проектот „Биоотпад“ се реализира со средства од ИПА програмата за прекугранична соработка, а чини 17 милиони денари.
На денешната прес-конференција најавено е дека Пробиштип ќе биде првата општина во државата што ќе ги менува навиките на граѓаните каде што од отпад ќе прави компост.
Универзитетскиот професор од Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Дејан Мираковски истакна дека околу 50 отсто од отпадот може да се компостира, со што придобивка ќе има општината со намалување на трошоците за носење на отпадот на депонија, но и да се добие компост, којшто ќе се употребува во земјоделството. Освен што Пробиштип ќе има еколошки чиста животна средина ќе има и заштеди, а наредната фаза ќе биде обука на населението.
– Кога ќе се завршат сите технички подготовки за инсталација на станицата ќе следува фазата на обука на населението и на субјектите. Во истовреме ќе се прават анализи колку ќе бидат заштедите и како ќе се управува со тој отпад, рече Мираковски.
Костин Томпов од фирмата изведувач „Автоинженеринг“ вели дека отпадоците од храна кои ќе се компостираат ќе се употребуваат за ѓубриво на парковите и зелените површини.
– Целта на компостерот е да се обработуваат отпадоците од храна од домаќинствата и рестораните. Општиот капацитет е 120 тони на годишно ниво односно по 60 од една станица. Овие две станици можат да го задоволат капацитетот на сите граѓани како и на рестораните, вели Томпов.
Ново на Сител
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
-

ЕК почна преговори за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

