-->
-->
Продолжен рокот за поднесување документи за изградба на пречистителна станица во Кочани
-->

Со потпишување на договорот со консултантската куќа СЕКО во октомври минатата година, во Кочани започнаа активностите за изградба на колекторски систем и пречистителна станица на отпадните води. Активностите се спроведуваат според однапред утврдената динамика од страна на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ и општина Кочани.
- Од потпишувањето на договорот со компанијата Секо во октомври минатата година реализиравме неколку значајни активности. Набавени се цевки и шахти за колекторскиот систем долг 10 километри, а по барање на поголем број изведувачи го продолживме рокот за поднесување на документи за изградба на пречистителна станица до 5 септември. Со ова ги задоволивме барањата на заинтересираните компании кои во мегувреме го посетија теренот каде што ќе се гради пречистителната станица за одпадни води, ни изјави Љупчо Папазов, директор на КЈП„Водовод“ од Кочани.
Според Папазов пречистителаната станица ќе се гради во непосредна близина на селото Мојанци во општина Кочани а наредните месеци се очекува да започнат градежните работи на првиот дел од колекторот заедно со приклучоците. За на пролет е планирано да продолжи изградбата на вториот дел од колекторскиот ситем, а се очекува и старт на градежните работи на пречистителаната станица.
Вкупната инвестиција за овој капитален проект кој треба да заврши во 2019 година, изнесува една милијарда и 100 милиони денари, односно 21 милион швајцарски франци кој ќе се реализира со финансиска подршка на швајцарската Влада, Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
