Македонија
5. April 2020 - 14:39

Продолжено породилното отсуство, фондот ќе врши исплата

Сите корисници на породилно отсуство ќе останат дома се до истекот на времените мерки. Министерството за труд и социјална информира дека се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете додека е на сила вонредната состојба.

-Со уредба со законска сила на Законот за работни односи што ја донесе Владата, отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19, соопштија од МТСП.

Од таму додаваат дека продолжувањето на породилното отсуство ќе се регулира преку Фондот за здравствено осигурување, а средствата за оваа намена ќе бидат на товар на државата.