Продолжува потрагата по исчезнатото девојче од невремето во Шипковица

Продолжува потрагата по исчезнатото девојче во невремето од пред четири дена во село Шипковица и расчистувањето со ангажираната механизација.
Според Дирекцијата за заштита и спасување, како дел од активностите за санирање на состојбите во тетовскиот регион по обилните врнежи, интензивно се работи во село Порој, каде се претпоставува дека има околу 350.000 метри кубни нанос. Освен Желино, се подготвува нова локација за депонирање отпад кај село Доброште, општина Теарце.
Од ДЗС информираат дека е пробиен патот Тетово - Јажинце, но не е пуштен за употреба, а се работи и на расчистување на речното корито на Поројска река.
Во Голема и Мала речица продолжува да се работи на терен. Во Мала Речица од ПОЗС Дебар 1 се ангажирани дополнителен багер и два камиона, а во Голема Речица Армијата и локалната самоуправа. Главниот пат Голема и Мала Речица е целосно исчистен, се пристапува кон другите локални патишта.
Од ДЗС информираат дека во активностите во Тетово се вклучени 25 багери од разни видови и големини, 45 камиони со различна носивост и 2 булдожера. На општина Тетово, Кинеската амбасада во Македонија и донираше еден багер, кој е ставен во употреба.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
