Продолжува судењето за случајот со родилката на која при пораѓај и беа извадени матка, јајник и бубрег

Во Основниот суд во Струга за денеска е закажано ново рочиште за случајот со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, на која по породување со царски рез во Струшката општа болница и беа отстранети матка, јајник и бубрег.
На барање на одбраната судечкиот судија Јордан Јованов, на последното рошиште пред два месеци, донесе решение Медицинскиот факултет во Скопје да одговори зошто биле избрани надворешни членови при носењето на одлуката.
Адвокатскиот тим на обвинетите лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, Игор Петковски,образложи дека комисијата, која го изработи супер вештачењето требало да биде составена од професори на Медицинскиот факултет – Скопје.
Во случајот само еден од членовите бил од таа институција, додека останатите двајца, биле професор од Медицинскиот факултет во Штип и докторка која имала своја приватна здравствена ординација.
Оштетената Веапоска повтори дека очекува правда и оти благодарение на супер вештчаењето се надева дека ќе произлезе.
Барањето за супер вешташење до Медицинскиот факултет во Скопје Судот го испратил по рочиштето одржано на 23 април минатата година, за што чекаше одговор скоро 10 месеци.
Одлуката беше донесена поради неусогласување на вештачењата на вешти лица од Судска медицина побарано од Обвинителството и на техничкиот советник на барање на обвинетите.
Според вештачењето на тројцата вештаци од Институтот за судска медицина, влошувањето на состојбата на Веапоска дошло поради погрешни постапки од здравствените работници, додека вештачењето на техничкиот советник професор доктор Драге Дабески покажало дека обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку со дејствувањето и бил спасен животот.
Судскиот процес со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, на која по породувањето со царски рез, во Болницата во Струга и беа отстранети три органи три пати почнуваше од почеток поради менување на судечките судии, а делото застарува во 2026 година.
Ново на Сител
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
