Живот
30. October 2022 - 19:38

Продолжува традиционалната тортијада во Струмица

Симболична но силна порака испратија лицата со телесен инвалидитет од државата. Преку изработка на торти покажаа дека и тие имаат вештини и знаат и умеат, само треба да добијат шанса да го покажат тоа. По две години пауза, нивната пораката  повторно ја испратија од традиционалната тортијада која повеќе од две децении се одржува во Струмица.

Секоја од подготвените тортите имаше различна форма, приказна и вкус, но симболикaта на сите им беше заедничка.

Годинава на тортијадата чиј организатор е здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност од Струмица учествуваа претставници од 10 здруженија од исто толку градови од државата.