Loading Video...
Кошарка
27. November 2020 - 16:20

Продолжуваат квалификациите за Евробаскето 2021, Македонија утре во дуел против Италија

Со осум натпревари што се играат денеска стартува вториот круг од квалификациите за Европското кошаркарско првенство што ќе се одржи следната година. Нашата репрезентација е во Талин, каде ќе се играат дуелите од групата Б, кои стартуваат утре.  
 
Дванаесетмината избраници кои на располагање ги има селекторот Александар Тодоров веќе пети ден се во Талин, каде одработуваат мини подготовки за третиот и четвртиот квалификациски меч. 
 
Откако во првите два црвено-жолтите беа поразени од Естонија во Скопје и на гости кај Русија, сега императив е победа, особено во дуелот против Естонците против кои ќе играме во понеделник и тоа победа изразена со двоцифрена разлика. 
 
Целта е јасна, да се задржат шансите за освојување на едно од трите места во групата, а со тоа и повторно Македонија да биде дел од елитното европско кошаркарско друштво. 
 
ТОНСКИ 
 
Сепак, пред понеделничкиот меч со Естонија утре нашите кошаркари ќе го имаат првиот дуел против селекцијата на Италија, која е еден од ко-домаќините на Евробаскетот. Италијанците на овој меч ќе настапат без своите најдобри кошаркари, односно оние кои настапуваат во екипите во НБА и Евролигата, па оттаму можеби и реалната шанса нашите кошаркари да не израдуваат на првата победа во овие квалификации. 
 
Утрешниот натпревар меѓу Македонија и Италија ќе започне од 15 часот, а во терминот од 19:30 часот ќе се игра средбата меѓу Естонија и Русија. 
 
КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП - 4.коло 
Петок 
14:00   ХОЛАНДИЈА   - ШВЕДСКА  78-76
15:30   ЧЕШКА   - БЕЛГИЈА 
17:00   ХРВАТСКА   - ТУРЦИЈА 
18:00   В. БРИТАНИЈА - ФРАНЦИЈА 
18:00   ГРЦИЈА   - ЛАТВИЈА 
18:30   ЛИТВАНИЈА   - ДАНСКА
21:00   БИХ   - БУГАРИЈА
21: 00  ГЕРМАНИЈА   - ЦРНА ГОРА
 
Б - група 
Сабота  
МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА   15:00 часот
ЕСТОНИЈА – РУСИЈА   19:30 часот
 
Понеделник 
РУСИЈА – ИТАЛИЈА  15:00 часот  
МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА   19:30 часот