-->
-->
Проектите за изградба на Градски пазар и Студија за водоснабдување на Голак поддржани од делчевските советници
-->
Делчевските советници ја поддржаа одлуката за изградба на градски пазар, како приоритетен проект во Програмата за развој на Општина Делчево за 2020 година. Образложувајки ја одлуката пред советниците на 31. Седница, Тони Стоименовски од ЕЛС Делчево истакна дека за реализација на првата фаза од проектот се обезбедени 16 милиони и 500 илјади денари.
-Целта на програмата за развој е зголемување на конкурентноста на цените и квалитетoт на производите, зголемена услуга на купувачите, зголемување на комодитетот при пазарење, а изградбата на градскиот пазар-отворен и затворен дел, ќе придонесе и за растоварување на сообраќајот од централното градско подрачје во пазарнте денови. Вкупната вредност на изградбата на современиот градски пазар изнесува 35 милиони денари. Првата фаза предвидена за изградба во 2020 година е во висина од 16 милиони и 500 илјади денари од кои 7 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, а останатите 9 милиони и 520 илјади денари од Буџетот на Општина Делчево, рече Стоименовски.
На 31-та седница делчевските советници дадоа зелено светло и за проектот „Изработката на Студија и техничка документација за водоснабдување на зимско-рекреативнио центар Голак“.
-Во врска со овој проект ќе се аплицира до Фондот за техничка документација кој се спроведува како дел од Проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА), додаде Стоименовски.
Советот на Општина Делчево го усвои и деветмесечниот извештај за работење на комуналното претпријатие „Брегалница“, според кој за 9 месеци од оваа година, претпријатието остварило добивка од близу 3 милиони денари, односно заклучно со месецот септември оваа година, остварени се приходи од 34 милиони денари и расходи во висина од 31 милион денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во - Крагуевац и Нови Сад
-
За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани 16 лица, информира Тошковски
-
Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кротки, смирени, трпеливи во овие тешки мигови
-
Завршена обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани
-
Уапсен 34 годишен кумановец, се заканувал на 28 годишна жена со која се познавале од претходно
-
Приведен 46 годишен тетовец, со воздушна пушка ја повредил сопругата на неговиот брат
-
Акција во општина Карпош за проверка на хидрантската мрежа во зградите
-
Пред македонската Амбасада во Белград граѓани оддадоа почит за загинатите во Кочани