Македонија
22. May 2024 - 12:42

Променливо и нестабилно време и во наредните денови

Во четврток и во петок ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме.

Минималната утринска температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната дневна ќе достигне до 39 степени.