Промоција на регионален проект за туризмот

Бизнис конфедерацијата на Македонија ќе го промовира проектот „Туризмот се луѓето - Да работиме заедно за подобар социјален дијалог во туризмот“.
Главна цел на проектот е зајакнување на капацитетите на социјалните партнери за подобрување на социјалниот дијалог на национално и европско ниво.
Преку проектот треба да се зголеми свесноста на претставниците на работодавачите и работниците за важноста на овој процес во зголемувањето на вработеноста и конкурентноста на националната економија.
Проектот се фокусира на модернизација на пазарот на труд, подобрување на вештините, квалификациите и квалитетот на работата, безбедност и сигурност на работното место, пристојна работа во секторот туризам и угостителство.
Целта на настанот е да зголеми свесноста на претставниците работниците и работодавачите за важноста на овој процес кон зголемување на вработеноста и компетитивноста на националната економија. Важна фокусна точка ќе биде модернизацијата на пазарот на труд, вештините и квалификациите, квалитетот на работа, безбедност и сигурност на пазарот на работното место и пристојна работа.
На работилницата ќе присуствуваат преставници од ССМ, Министерство за економија - сектор туризам, Министерство за труд и социјална политка, Агенција за промоција и подршка на туризмот, професор од факултетот за туризам и многу други.
Бизнис Конфедерацијата на Македонија е еден од партнерите на ЕУ проектот: Туризмот се луѓето - Заедно, за jакнење на социјалниот дијалог во секторот туризам и угостителство.
Проектот почна да се реализира од февруари годинава во Љубљана. Лидер на проектот е Здружението на Работодавачи на Словенија (ZDS) додека здруженијата на работодавачи, како и синдикатите од Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија се партнери во проектот.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
