Промотивно засадување дрвца

Под мотото „Засади успех“ денеска во Средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Кисела Вода, (нас. Драчево) ќе се одржи промотивно засадување дрвца во рамки на 16. акција „Ден на дрвото-есен 2015“.
Како што најавуваат организаторите, во кампањата оваа година акцентот е ставен на средношколците од градот Скопје, кои во текот на промотивната кампања насловена „Засади скопска иднина“, континуирано ќе засадуваат дрвца во училишните дворови и ќе ја озеленат својата средина.
Во акцијата ќе се вклучат градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претставници од секторите за заштита на животната средина и образованието кои ќе засадуваат дрвца по средните училишта заедно со познати и успешни спортисти, писатели, естрадни личности, сликари итн.
- Ваквото наменско и планирано засадување има повеќекратни ефекти и далекусежни благодети, не само за озеленување на дворовите на училиштата, туку и за едукација и поттикнување на еко-свеста кај младите. Идејата е тие сами да се грижат за дрвцата кои ќе ги засадат. Поттикнувањето на еко-свеста е значајна за обвновување на кругот на биодиверзитетот како важен услов за хармонија и синергија меѓу луѓето, животните и растенијата на нашата единствено населена Планета - мајката Земја, посочуваат организаторите во соопштението.
Медиумската кампања ќе биде исполнета со промотивни засадувања и активности се до денот на одржувањето на 16-та акција „Ден на дрвото - есен 2015!“, кој се очекува да биде во втората половина на ноември.
Ново на Сител
-

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-

Детали за вчерашниот земјотрес почувствуван во Скопје, Тетово и околината
-

Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и ДЗР
-

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада
-

Вештачка интелегенција користат 45,4 проценти од младите во земјава, во ЕУ 63,8 отсто
-

Украина се подготвува за избори и референдум за евентуален мировен договор со Русија
-

Трамп размислува за испраќање дополнителна „армада“ на Блискиот Исток
-

Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Шуто Оризари, Марино и Волково
