Промовирани новите униформи за кумановските пожарникари
Триесет нови униформи по деветнаесет години добија кумановските пожарникари. Новонабавената опрема, за која општината одвои три милиони денари, денеска беше промовирана во Територијалната противпожарна единица во Куманово.
– Ова е прва набавка по долги години. Не само нашата противпожарна единица, туку и останатите во државата се соочуваат со технички проблеми. Успеавме да издвоиме дел од средства за набавака на униформите. Се надеваме дека ќе ја користат сосвесно и очекуваме да имаат што помал број на интервенции, а да бидат подготвени секогаш да се справат со предизивиците, изјави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
Во кумановската противпожарна единица има 50 пожарникари. Димитриевски вели дека останатите дваесетина пожарникари ќе ја користат старата униформа за која рече дека е употреблива.
– И досега овие луѓе со таа униформа се грижеа, го заштитуваа градот и даваа услуга, вели Димитриевски.
Тој потенцираше дека бројот на пожарникарите во Куманово е далеку под европскиот просек и според стандардите во општината со толкав број на жители, треба да има најмалку 100 пожарникари.
– Засега нема средства што би се одвоиле за зголемување на бројот на пожарникарите, бидејќи по преземањето на ингеренциите од МВР, дел од средствата се обезбедени од државата, а дел општините ги одовојуваат од сопствените буџети, појаснува Димитриевски, додавајќи дека оваа служба е една од најзначајните.
Командирот на ТППЕ Куманово Дејан Илиевски вели дека од 2000 година немаат добиено заштитна опрема.
– Сите пожарникари спасители кои се први при излегување на интеревенција ќе ги користат, а пожарникарите возачи ќе ја користат досегашната опрема со која и работевме, изјави Илиевски.
Потенцираше дека ТППЕ Куманово располага со девет возила во испрвана состојба и рече дека секогаш е добро да има обнова на возниот парк.
– Очекуваме и се надеваме и помош од државата, изјави Илиевски.
Од почетокот на годинава до денеска кумановските пожарникари интеревенирале 25 пати.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ

