Македонија
23. јуни 2021 - 18:19

Пронајден кокаин кај 20 годишен скопјанец

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Г.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 01.01.2021 на магистралниот пат Кичево – Скопје, во близина на железничката станица во Кичево, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“, во кое се превезувал пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.