Македонија
25. October 2020 - 14:48

Пронајдена минофрлачка граната во Тетово

Вчера во 13,00 часот било пријавено дека во Тетово на место викано “Кале“ била пронајдена минофрлачка граната 80 мм, соопштуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово, а од Дирекцијата за заштита и спасување била безбедно подигната.