Бизнис
18. October 2019 - 21:23

Протест на млекопроизводителите од Пелагонија поради неисплатени субвенции

Пелагониските млекопроизводители повторно излегоа на протест, бараат да им бидат исплатени субвенциите. Реагираат дека минатиот пат им било ветено дека во октомври ќе ги добијат парите.

- Подрачниот министер најави дека од 5 октомври ќе се исплатат, но сега нема слух, а народот чека.

- На млекарите им се должи за цела 2018, 2019 и за грло од 2019 година. Покрај ова бараме во буџетот да влезе зголемување за 2020 на литар и на грло.

- Сточниот фонд нагло се прoдаде, уште се продава, нема да опстане, може на слика ќе ги гледаме, велат сточарите.

Парите ќе бидат исплатени, после носењето на ребалансот на буџетот кој е во завршна фаза, велат од подрачното министертво. Велат одолговлекувањето на исплатата е заради административни работи.

- Моментално е во завршна фаза носењето на ребалансот на буџетот, а со истиот се опфатени оваа категорија земјоделци. Знаете како одат административните работи, се издолжи носењето на ребалансот, така што во текот на ноември сигурно ќе ги добијат своите средства за 2018 година, изјави Методија Илиевски, раководител ПЕ МЗШВ БИТОЛА.

Субвенциите за 2019 година ќе бидат исплатени во 2020 година.