Македонија
4. December 2022 - 16:32

Протест на независниот синдикат на полицијата во Кочани

Мирен протест на Незавиосниот синдикат на полицијата во Кочани, поради суспензија на 4 полициски службениици од кочанската полициска станица. Од протестот упатија барање до началникот на ОВР-Кочани и Министерот Спасовски, да ги преиспитаат причините за изречените казни и поднесените кривични пријави за злоупотреба на службената должност и овластување.

- Дајте да ја видиме работата, многу е сериозно, 4 лица си заминуваат. Чизмите пред мене се чизми кои ги фрлаат полицајците, заминуват што подалеку, не од Македонија, од Балканот заминуваат, бегаат и пасошите ги кинат-изјави Гоце Делчев Тодев, претседател на Независниот синдикат на полицијата.

Обвинија дека во Министерството треба да се занимава со гонење на вистинските криминалци, а не да се отпуштаат обични полицајци, со што им се ускратува правото на егзистенција, ним и на нивните семејства.

- Не може обичниот полицаец да биде криминалец ако се напие кафе во кафе бар или народно кажано, манџа ако јаде. Криминалот е во високите структури на државата. Гледате, ова е вече сериозно. Ако полицијата е угнетена, не може да си ја работи работата, под притосок работат, а тие што не се послушни по автоматизам ги суспендираат и не се само во Кочани, има во повеќе места, ова повеќе не е издржливо- изјави Марјан Ристевски, претседател на конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.

На протестот се шроклучија и од Полицискиот Синдикат на Србија, кој е дел од Балканската полициска унија, како и шумската, судската и затворската полиција , од специјалните полициски единици и пензионирани полициски службеници.