Протест на тетовските средношколци против загадувањето на воздухот
Со извикување на паролата „Чист воздух“ и транспаренти со натписи „Стоп на аерозагадувањето“ и „Error 404 Чист воздух not found“ (Грешка 404 Чист воздух не е најден), дел од тетовските средношколци денеска со мирен протест го изразија своето незадоволство од како што рекоа непреземањето никакви мерки од локалната власт за подобрување на состојбите со загадувањето на воздухот.
– Упатуваме ултиматум до надлежните за седум дена да преземат конкретни краткорочни и долгорочни мерки за подобрување на состојбите со воздухот или ќе отпочнеме со бојкот на наставата. И градоначалничката не се појави да ги ислуша тетовските средношколци бидејќи не ја интересира што ние мислиме и кои се нашите ставови за овие состојби. Протестот беше пријавен и најавен и таа можела да се информира и ги имала сите можни прилики нас да не исконтактира за нашите барања но ништо не направила, изјави еден од организаторите на протестот ученикот во средното економско училиште „8 Септември“, Јован Томашевиќ.
Според Томашевиќ на протестот учествувале средношколците од македонска настава од економското училиште и гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.
– Поради притисоците од повисоки инстанции и политички пиуни дел од директорите и професорите не им дозволија на ученците од другите средни училишта да учествуваат на денмешниот протест против загадувањето на воздухот. Истото се случи и со нашите соученици од албанска настава кои подлегнаа на притисоците. Имаме и информации дека и на дел од родителите им биле вршени притисоци да не им дозволат на нивните деца да учествуваат на овој протест како нивно право да бараат да живеат во здрава животна средина рече Томашевиќ.
Протестот на дел од тетовските средношколци започна на градскиот плоштад од каде потоа во организирана колона тие поминаа низ булеварот „Илинденска“ и преку улицата „ЈНА“ стигнаа пред општината. Целиот настан помина без никаков инцидент иако забележително беше присуството на полицијата низ улиците каде поминуваа средношколците како и пред зградата на општина Тетово.
Овој понеделник на сличен начин поради загадување на воздухот својот протест го изразија и дел од учениците во неколку тетовски основни училишта.
Ново на Сител
-

Следува период на топло време, температури до 20 степени
-

Фрлена течност пред Основниот суд во Куманово
-

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија, се очекува поголем број интервенции и помалку административни пречки за пациентите
-

Њујорк Тајмс: ЦИА помогнала во прецизното лоцирање на Хамнеи
-

Шефот на иранската полициска разузнавачка служба убиен во американско-израелските напади
-

Шефот на иранската безбедност се закани со удари против САД и Израел какви што „никогаш претходно не доживеале“
-

Лишен од слобода возач од Велес, возел со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило
-

Се зголемува бројот на граѓани кои се обратиле за помош по ситуацијата на Блискиот Исток

