Македонија
30. November 2020 - 21:17

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во 11 градови во Македонија против владината политика во спорот со Бугарија

Под мотото Оставка на Заев, слобода на народот, опозицијата вечерва организираше протести во 11 градови низ цела Македонија. Пораката секаде  иста – да не се дозволи Владата да се пазари со Софија за историјата и идентитетските прашања. Оставка и одговорност од Заев се бараше во Кратово, Крива Паланка, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Крушево,  Свети Николе, Неготино, Гевгелија и Струга.

Од струмичкиот караван порачаа дека сега е време да се протестира за да не биде после предоцна.

Опозицијата за утре најави блокади пред Владата и МНР од 12.30 до 14 часот. ВМРО-ДПМНЕ во соопштението на кое повикува на протест го повикаа Заев да објави пред македонската јавност за што тајно се преговара во Софија овие денови.