Протест на вработени во прилепски „Еурокомпозит“ пред Влада

Вработени во фабриката за производство на воена опрема „Еурокомпозит“ од Прилеп денеска протестираат пред Владата, барајќи спроведување на договореното за решавање на статусот на фабриката и исплата на заостанатите плати и придонеси.
Тие поставуваат шатори спроти владината зграда и како што најави Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација на „Еурокомпозит“, нема да се повлечат оттаму се додека не им биде понудено конечно решение за фабриката од која 260 вработени побаруваат 18 заостанати плати и придонеси од 2012 година.
- Барање за прием во Владата доставуваме веќе цела недела, но се уште нема таква најава, изјави Богдановски.
При прекинот на претходниот штрајк на крајот на март годинава од Синдикатот изјавија дека имаат работа по договори за странство и за МВР и оти со Владата е договорено во наредните шест месеци да добиваат по една нето плата и да се реши ситуацијата во компанијата.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев неодамна информираше дека за „Еурокомпозит“ и за велешка „Колска“ има интерес кај инвеститори и оти е оптимист дека со приватизација ќе се реши проблемот, без отпуштање вработени.
Владата распиша и тендер за избор на меѓународни консултанти, кои треба да изработат професионални длабински анализи во каква состојба се двете фабрики, за да се обезбеди транспарентна продажба на потенцијални инвеститори.
Консултантот што ќе се избере треба да ги утврди сопственичките удели во фирмите, долговите, загубите, но и судските спорови. Треба да се понудат три модели за продажба, а Владата да одбере еден.
Ново на Сител
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
-

Охриѓанец приведен за производство и дистрибуција на детска порнографија
