Loading Video...
Балкан
8. January 2023 - 16:37

Протест против Курти во Штрпце, протест против Вучиќ во Косовска Митровица

КФОР го одби барањето на Белград за враќање од 100 до 1000 српски безбедносни сили на територијата на Косово и Метохија, што се темелеше на резолуцијата на ОН 1244. Ни одговорија - нема потреба од српската војска на Косово, КФОР има обврска да го зачува редот и законот и дека внимателно набљудувале што се случува на северот откри српскиот претсдеател. Во божикното интервју за телевизија Пинк, Вучиќ потенцира дека КФОР треба да се грижи за безбедноста на Србите на цело Косово, потсетувајќи дека нивниот одгоор стигнал на бадниковата вечер а само два часа припадник на косовоските безбедносни служби пукал и ранил две момчиња од српска националност кај Штрпце во јужниот дел на Косово.

А во Штрпце на пладне се одржа масовен и мирен протест на кој беше изразено незадоволство поради бруталните напади на две српски момчиња во Штрпце и едно во Клокот за време на боќикните празници. Протестот го организираше политичката партија на српското малцинство во Косово, партијата Српска Листа а во него освен жители на Штрпце, дошле и Срби од останатите делови на Косово, но и од Србија.

Проетсти на Срби имаше и во северниот дел на Косовоска Митровица, но тука се скандираше против Вучиќ. Учесниците на протестот го прашаа спрскиот претседател зошто молчи за присуството на единиците на косовската специјална полиција во северниот дел на Косово, кога барикадите се отстранети.