Македонија
28. November 2021 - 16:39

Протест против мерките за вакцинација во Битола

И денеска се протестираше во Битола против новите мерки и вакцинацијата. За тоа што Владата не ги усвои предложените антиковид мерки од Комисијата за заразни болести на последната седница и побара дополнителни анализи и компаративни студии за нив, велат дека е резултат на бурните реакции.

-Од страна на сите, вклучувајќи ги и синдикалните претставници, јас сум еден од нив. Бурно реагиравме, видоа дека против народ не можат ништо, видоа дека создаваат поголема криза. Треба да се слуша гласот на народот, на народот кој не мисли на пари, освен на личната слобода, заштитата, изјави ИГОР ПЕТКОВСКИ.

Велат дека со протестите сакаат да разбудат дел од народот.

-Дел е разбуден, дел се уште се буди, некои чувствуваат последици од вакцините, некои се придружуваат, некои стојат скриени. Ние сме тука да ги разбудиме. Да ги поттикнеме да излезат да се борат за своите права бидејќи сме дискриминирани по сите човечки основи, изјави Александра Скерлевска.

За утре од 18 часот најавуваат протестен марш со автомобили низ Битола, ќе продолжат и со протестите секоја недела.