Македонија
8. March 2021 - 19:47

Протест со барање одговорност за „Јавна соба“

Стоп за родово базирано насилство, итно расчистување на случајот „Јавна соба“ и затвор за насилниците, бараат активистите за правата на жените. Под слоганот „Непостапувањето е соучество“, демонстраните на полицијата и јавните обвинители им порачаа да се разбудат и да почнат да си ги заработуваат платите. Активистите реагираат и дека надлежните не доволно ги штитат  лицата кои се жртви на родово насилство.

Активистите упатија порака и до жртвите. Велешанка која тврди дека била силувана, ги охрабри жените да не молчат и да го пријават насилникот во полиција.

Петтиот по ред 8-мо мартовски марш започна пред Министерството за внатрешни работи, а заврши во Жена парк. Под засилено полициско обезбедување, маршираа неколку стотини мажи и жени. Во фокусот на движењето беше неодамнешниот случај „Јавна соба“ кој ја вознемири јавноста, а  за која се уште нема институционална разрешница. Заглавен во лавирините на правосудниот систем е и ланската Јавна соба.