-->
-->
Протест во Букурешт поради усвоените измени во судскиот систем
-->

Неколку стотици Романци протестираа денеска против одлуката на Парламентот во Букурешт за измена на законите за судството, обвинителството и за антикорупцијата.
Законите беа одобрени со големо мнозинство на пратениците од владејачката Социјалдемократска партија (ПСД) и коалициските партнери во Долниот дом на Парламентот.
Гласањето требаше да се одржи утре, но пратениците решија да гласаат денеска, веднаш по комеморативната седница по повод смртта на последниот романски крал Михаил Први.
Законоските измени сега треба да бидат доставени на усвојување во Сенатот.
Демонстрантите ги обвинија властите и претседателот на Парламентот Ливиу Драгнеа, кој е и лидер на ПСД, дека е криминалец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
