Македонија
21. February 2020 - 18:04

Протест во Октиси против неконтролирана сеча на шума

Жителите од Октиси го кренаа својот глас против девастацијата на околната шума.

Тие преку протест побараа од надележните да се спречи неконтролираната сеча во спротивно најавија радикализирање на протестите ,бидејќи како што велат може да дојде до намалување на водоснабдувањето или целосен прекин на изворите од кои што се снабдува селото . Мештаните обвинија дека без согласност од локалното население се пробива пат низ шумата кој според нив ќе служел за сеча на шума.

Мештаните револтирани велат дека лакомоста и желбата  за профит ја пустоши шумата.

Инаку изминативе години, неконтролираната сеча предизвика загриженост кај населението од тој регион, поради потенцијална опасност од ерозии. Излетниците и планинарите сведочат за постојано присуство на поединци и групи кои сечат низ Јабланица, без притоа да бидат санкционирани од надлежните.