Протестот против францускиот предлог продолжи пред Собранието
– Учесниците на протестот „Ултиматум не, благодарам“ кој се одржува шести ден против францускиот предлог пристигнаа пред Собранието. Засега протестот се одвива мирно, а собраниската зграда е обебзедена од полициски кордон.
Протестниот марш почна пред владината зграда и продолжи кон Министерството за правда, каде дел од граѓаните симболично положија бели ружи пред полицајците кои ја обезбедуваат зградата.
Како и во изминатите денови од протестот учесниците бараат оставки и отфрлање на предлогот и се пеат патриотски песни.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред стартот на протестот порача дека нема да наседнуваат на провокациии, истакнувајќи дека силата е во масовноста, а не во насилството.
По пристигнувањето на предлог преговарачката рамка во Собранието Мицкоски порача дека Владата „се плаши самата да донесе одлука и тежиштето го префрла во Парламентот, нагласувајќи дека ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени.
За време на вчерашниот протест против францускиот предлог беа повредени тројца полициски службеници, а приведени пет лица. Јавното обвинителство вечерва соопшти дека е предложен притвор за три лица осомничени за инциденти за време на протестите во Скопје.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово