Бизнис
24. November 2020 - 16:36

Прв ден комисиска расправа за буџетот за 2021

За власта развоен, за опозицијата  нереален, партиски кој нема да ја раздвижи економијата. Почна комисиската расправа за предлог буџетот за следната година. Пратениците од опизицијата обвинуваат дека со новиот предлог буџет  задолжувањето ќе расте, државата ќе се втурне во уште поголема сиромаштија, а штетите од панедмијата нема да се санираат. 

Од власта пак велат дека целта е со новиот предлог буџет да се генерираат двојно повисоки стапки на раст.  

Со новиот предлог буџет државата планира да потроши над 4 милијарди евра, а да собере 3,4 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на 4,9 проценти од БДП или речиси 570 милиони евра. Ќе се покрива од задолжување на домашниот и странските пазари, а се планира и еврообврзница. Се очекува раст од 4,1 процент. За буџетот пратениците поднесоа вкупно 528 амандмани. 390 се од ВМРО, а останатите од Алијанса на Албанците и Алтернатива.