Македонија
23. јуни 2021 - 16:44

Прв скопски економски форум - иселувањето го кочи растот

Не може да има економски раст ако секоја година од  земјава заминуваат 10 илјади високообразувани работници. Ова  на економскиот форум го истакна претседателот на советот за странски инвестиции Штефан Питер. Според него  земјава ако продолжи да генерира стапки на раст до 5 проценти секоја година, за 60 години ќе го достигне нивото на развој и плати од ЕУ. Порача дека мора сериозно да се аналзиира миграцијата која ја нарече егзодус на државата.

Според бизнис заедницата поради пандемијата за една година без работа во приватните фирми останале над 30 илјади работници. Подобрување не очекуваат да има до крајот на 2021 година. Задолжувањето ќе биде потешко и предупредуваат да се внимава.

Од владата пак уверуваат дека земјава добро се справила со пандемијата - економијата не претрепала сериозни последици.

На панел дискусијата присуствуваа и министерот за финансии Бесими и гувернерката Бежовска. Посочија дека банкарскиот систем останува стабилен, а државната каса има капацитет да ги покрие сите потреби.