Прв случај на коронавирус меѓу припадници на бразилските племиња
Една припадничка на домородно население во село длабоко во Амазонија е заразена со коронавирус, што е прв случај меѓу повеќе од 300 бразилски племиња, соопшти денеска бразилското Министерство за здравство.
Се работи за девојка 19-годишна девојка од племето Кокама, кое живее во близина на границата со Колумбија, а се заразила кога работејќи како медицинска сестра посетила неколку племиња.
Во истиот округ се потврдени четири случаи на Ковид-19, меѓу кои и еден лекар, со што се зголеми стравот дека со вирусот можат да се заразат и оддалечени и незаштитени заедници.
Здравствените експерти предупредуваат дека ширењето на вирусот може да биде смртоносно за околу 850.000 домородни народи кои живеат во Бразил и кои веќе се десеткувани од болести донесени од Европејците, од сипаници до маларија.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка