Loading Video...
Свет
27. September 2022 - 20:12

Прв тест за планетарна одбрана - леталото ДАРТ удри во астероид

НАСА  го изведе  првиот планетарен тест за одбрана на нашата планета од удар на астероид. 

Вселенското летало на НАСА „Дарт“  во раните утрински часови  успешно удри  во  астероидот Диморфос, со цел да да се тестира дали вселенски објекти кои ѝ се закануваат на Земјата можат да бидат изместени од нивната патека на движење. Судирот се случил на 11 милиони километри од Земјата, а ДАРТ “ летал со брзина од 22.500 километри на час. Камерите  на „Дарт“ испракаа слики секој секунда  се до моментот  на ударот во 160 метри широкиот  астероид , кој не беше закана за земјата.   Ќе бидат потребни неколку недели за да се дознае дали експериментот бил  целосно успешен, но во НАСА веруваат дека постигнале нешто исклучително.  

 Засега не е познат ниеден астероид кој во догледно време би можел да дојде директно кон Земјата.  Дарт беше лансиран во вселената пред 10 месеци а мисија чинеше околу 340 милиони евра.