Фудбал
8. December 2021 - 17:15

Прва МФЛ: Дербито на Чаир без победник

Дербито во Чаир се одигра пред преполни трибини и донесе солидна фудбалска претстава со неколку убави шанси на обете страни и два постигнати гола.

        Долго Шкупи и Шкендија се обидуваа да дојдат до предност и тоа им успеа на гостите во 70-тата минута со погодокот на Гури. Големата радост на домашните фанови дојде по израмнувачкиот погодок во 88-та минута што мајсторски го постигна Алварез со што Шкупи е на чело на табелата со 7 бода повеќе од А. Пандев, односно 8 пред шампионот Шкендија.

        Во Тетово нов подвиг на Тиквеш, овојпат Кавадарчани останаа непоразени во пресметката со фаворизираниот тим на Ренова кој имаше и водство со убавиот гол на Мустафов од 56-тата минута.  Израмнувачкиот погодок го постигна Нгоба во 72. Мин.

        Значајна победа оствари екипата на СКопје која минимално со 1-0 го совлада тимот на Струга ТЛ и тоа со голот на искусниот Кировски во 77м.

РЕЗУЛТАТИ 17.коло

Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (1-1)

Алварез 88′ – Гури 70′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (4-1)

Матеус Да Силва 19′, Воша 42′, 50′, Попзлатанов 74′ – Хаџановиќ 90′

Тетово: РЕНОВА – ТИКВЕШ (1-1)

Мустафов 56′ – Нгоба 72′

Штип: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (1-2)

Стојанов 65′ – Ристовски 56′, Тодоровски 60′

Битола: ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ (1-3)

Размоски 25′ – Ѓорѓиев 24′, 73, Ѓорѓевиќ 59′,

Скопје: СКОПЈЕ – СТРУГА Т.Л. (1-0)

Кировски 77′

 

фото клан македонија